Вести Македонија

Таблата со натпис „Ванчо Михајлов“ сè уште стои над клубот во Битола, пробиени сите рокови за нејзино отстранување

Над вратата на бугарскиот културен центар во Битола и натаму стои неодамна обновената табла со името на контроверзниот Ванчо Михајлов, откaкo старата изгоре во пожар што го подметна пејачот Ламбе Алабаковски. Здружението сè уште не постапи по препораките на Комисијата за дискриминација за да ги отстрани сите спорни содржини во програмата, статутот, називот и она што го пласира на социјалните мрежи.

Битолското обвинителство постапува по кривична пријава за ширење расизам и ксенофобија, за што утре на распит е повикан претседателот на културниот центар во Битола. Исто така, течат и роковите за усогласување на овие невладини организации со измените во Законот за здруженија. Претседателот Стево Пендаровски вели дека постоењето на бугарските клубови не е спорно, но мора да се почитува законот, да се почитуваат чувствата на македонските граѓани и да се променат имињата на здруженијата кои имаат врска со фашистичкото минато.

Од друга страна пропадна обидот за уште една провокација од страна на Бугарија пред Европа состојбата да ја прикаже обратно. Советот на Европа ја одби бугарската декларација со која таа бараше ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Македонија.

Претседателот Пендаровски вели дека провокациите од Бугарија се континуирана политика во последните две години и тоа не дава надеж за креирање на поволен амбиент меѓу двете земји. Но, смета дека има позитивни промени од бугарскиот државен врв со коректна реторика.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе