Владата на седница денеска ќе одлучува за новата цена на струјата која што ќе почне да се тарифира од јануари следнава година.
Владините претставници веќе ги добиле првичните пресметки, се чека ЕСМ да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум кој што истекува на крајот на неделава.
Сегашната цена по која што ЕСМ ја продава својата струја изнесува 48 евра за мегават час.
Неофицијално овој изност ќе биде повисок но за колку ќе се знае до петок. Единствено што се знае е дека ДДВ то за стуја од први јануари се зголемува за пет отсто.