Вести Свет

Руската Дума одлучи саботерите да се казнуваат со доживотен затвор

Пратениците на руската Државна дума го усвоија предлог-законот против „саботажа“ во прво читање. Нацрт-законот ги класифицира деструктивните и терористичките активности во Русија како „саботажа“ и ги казнува со доживотен затвор.

Предлог-законот беше поднесен од 380 претставници, а неговата наводна цел е „да се заштити земјата и нејзините граѓани од заканите од тероризам и саботажа“.

Имајќи предвид дека Руската Федерација спроведува специјална воена операција, а во исто време прифаќа бегалци и останува отворена за влез на странски државјани, донесувањето на нови закони е чекор од фундаментално значење, неопходен за одбрана на нашата земја. Казната за саботажа ќе биде што е можно построга, нагласи претседателот на Думата, Вјечеслав Володин.

Нацрт-законот вклучува формулации за убедување и регрутирање потенцијални саботери, нивно спонзорирање и обука, како и организирање на групи.

Учеството во организација што се занимава со саботажа ќе се казнува со затвор до 10 години. За „помагање на саботажа“ се предвидени казни од 10 до 20 години. Со сегашниот закон саботажата е казнива со доживотен затвор само доколку саботажата резултирала со смрт на едно или повеќе лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и многу топло, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.6.2025

Дејан Дејан

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе