Вести Македонија Топ вести

Меѓународндната заедница бара акција, а не празни ветувања во борбата против корупцијата

Меѓународндната заедница  продолжува со повиците за независно  судство и борба со корупцијата. Експертите очекуваат конкретни мерки од САД по заминувањето на тимот за санкции. Вицепремиерката за добро владеење очекува резултати наместо декларативни заложби.  Републичкио обвинител Јовески не присуствуваш на антикорупциската конференција. Не ја бојкотирал Грковска поради критиките дека не треба да стане уставен судија, туку имал други неодложни обврски.

Доста се празни ветувања убави зборови и неисполнети стратегии. Време е за акција. Ве следиме. Ова се дел од пораките што ги испратија претставниците на дипломатските преставништва на ЕУ и САД во земјава и на денешната регионална конференција за борба против корупцијата

Вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење Грковска порача дека секој ќе полага испит за политичка зрелост. Оние кои ќе го положат ќе опстојат, останатите кои ќе се борат да остане статус кво состојба, ќе бидат избришани од граѓаните. Таа немала средба со експертите од тимот за санкции од Вашингтон во чиј фокус беше високата функционерска корупција

Во борбата со корупцијата мора да паднат високи политички глави. Без тоа нема напред смета антикорупционерката Слаѓана Тасева која очекува и многу конкретни активности од сад по заминувањето на тимот за сакнции.

Новинарите побараа изјава и од новиот шеф на обвнителството за организиран криминал Ислам Абази но тој рече дека друг пат ќе дава изјава. Отсутен беше републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

Минатиот петок државниот обвинител Јовески присуствуваше на состанокот во владата каде меѓу организаторите беше и вицепремиерката Грковска. Дали причина за отсуството е тоа што потоа на Топ тема Грковска рече дека Јовески не треба да биде уставен судија од обвинителството со одговор

  • Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не присуствуваше на конференцијата поради други итни неодложни обврски и апсолутно не гледа причина да откажува активности заради изјави на други лица. На регионалната конференција беа присутни повеќе јавни обвинители кои се директно вклучени во имплементацијата на активностите од Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и незаконитото финансирање.

Јовески викендот жестоко и одговори на Грковска дека дава паушални и неточни  изјави со кои ја загорзува самостојноста на обвинителството и дека подобро средства што се трошат за Кабинетот на Грковска да се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект. Грковска денеска одговори дека нејзината изјава не е мешање во работата на обвинителството и дека од конференции што ги организира секогаш има исход -се носеле заклучоци кои потоа се реализирале.

Елена Мукоска Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе