Вести Македонија Најважни

Фемицид станува кривично дело

Се воведуваат нови кривични дела: родово базирано насилство, фемицид, полово вознемирување, а нападот на новинар или друг медиумски работник ќе се смета за напад на службено лице, за што е предвиден затвор до 10 години. Ова е дел од измените на Кривичниот законик, кои во Комисијата за европски прашања добија 8 амандмани – усогласени и изгласани од сите пратеници и прифатени од Министерството за правда.

Фемицидот, насилството против жените и девојчињата, половото вознемирување, силувањето од интимниот партнер, барањето сексуални услуги од носители на функции и други дела кои ја имаат како основа родовата припадност на жртвата, ќе бидат осудувани парично или со казна затвор од неколку години. Измените на Кривичниот законик беа договорени меѓу пратеничките од сите партии.

Пратеничките укажаа дека 78 одсто од анкетираните препознаваат посебен вид корупција во јавниот сектор, односно изнуда на сексуални услуги во замена за услуга за која насилникот е овластен.

И убиството или нападот на новинар или на друг медиумски работник  ќе се смета за насилство врз лице што професионално врши работа од јавен интерес. Казната е 10 години или доживотен затвор. Министерот Никола Тупанчевски ги прифати сите 6 амандмани на пратеничките и двата од Комисијата за европски прашања, кои едногласно станаа дел од предложените измени на Кривичниот законик.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе