Вести Македонија Топ вести

Движењето Антикоцкање Тетово иницира референдум за отстранување објекти за игри на среќа од населените места

Движењето Антикоцкање од Тетово денеска организираше јавна дебата како дел од процесот да се иницира локален референдум, со цел да се прашаат граѓаните дали сакаат да се отстранат објектите за игри на среќа од населените места.

Тие велат дека овој чекор е последица на алармантната ситуација во цела држава поради огромниот број вакви објекти низ цела држава.

– Намерното лошо менаџирање не доведе во ситуација да мораме да бараме начин и решение како да се извлечеме од оваа ситуација. Експертите за право образложја на главната тема- референдум за оддалечување на сите објекти на игри на среќа. Иницијативата ќе потекнува од нас,ќе почнеме од Тетово и ќе продолжиме со идејата во сите други градови и општини да се организира тој референдум и еднаш засекогаш да се реши проблемот со овие објекти на игри на среќа. Прашањето ќе биде дали сме да се оддалечат сите овие објекти за игри на среќа, изјави Џемал Абдиуод Движење Антикоцкање.

Професорот по правни науки Ќебир Авзиу објасни дека ако општина Тетово организира ваков референдум тоа нема да има облигативна обврска за Владата и Собранието бидејќи државата е со унитарен карактер и законите важат на цела територија. Според него, поважно е што ќе започне процес за кој смета дека ќе има поддршка и од другите општини и градови.

– Факултативен референдум може Советот на Општина да распише меѓутоа ние знаеме дека тоа не е од обврзен карактер за Владата и за државата но сметаме дека индиректно ќе има позитивно влијание.Верувам дека многу граѓани ќе одговарат со негативен одговор и дека не сакаат да имаат игри на среќа во населеното место. Сметаме дека колку толку ќе се прати една порака до другите општини, до другите граѓани да почнат да организираат вакви референдуми и кога цела територија на државата ќе се организира со огромен број референдуми против и тогаш ќе размисли добро Владата дали ќе биде за отворање на казина. Целта е тоа, да се организира ваков референдум, од факултативен карактер меѓутоа колку толку ќе влијае позитивно и во наша територија и на ниво на држава, рече професорот Авзиу.

За да се организира локален референдум потребни се потписи на 20 отсто од вкупниот број на избирачи во таа општина. Движењето Антикоцкање се формираше во 2016 година и бара промени во законите со цел да се отстранат објекти за игри на среќа надвор од населените места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе