Вести Свет

Курти: Оваа недела ќе поднесеме барање за членство на Косово во ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти денеска од Приштина порача дека до крајот на неделата ќе поднесе барање за членство на земјата во Европската унија. Ваквата негова изјава доаѓа по нецели 24 часа од најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека во четврток и официјално ќе се обрати до КФОР за враќање на српските безбедносни сили во Косово, согласно Резолуцијата 1244.

Денеска е четврти ден од барикадите на Косово. Граничните премини Јариње и Брњак се и натаму затворени. На северот на Косово, речиси, ништо не работи – ниту училиштата, ниту угостителските објекти, ниту институциите. Во функција е граничниот премин Мердаре и уште два на југот – кај јужна Митровица и кај Приштина преку кои може да се излезе од Косово.

Ноќеска, околу три часот, се случна силна детонација во Северна Митрова, а напладне беше регистриран и прелет на хеликоптер на КФОР над барикадите кај Рударе кој носел товар што според медиумите бил наменет за припадниците на специјалната единица на Јариње.

Премиерката Ана Брнабиќ ја повика Европската унија да посредува за ослободување на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција чие апсење беше причина за поставување на блокади на најмалку пет точки на северот на Косово.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе