Вести Свет Топ вести

ЕУ повика Црна Гора да ги укине измените на Законот за претседател

Европската унија синоќа ги повика сите политички актери во Црна Гора итно да преземат активности за да се обезбеди функционирање на Уставниот суд и да се укинат измените на Законот за претседател.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, истакна дека од витално значење е сите во Црна Гора да покажат максимална воздржаност и да се воздржат од понатамошни провокативни дејства.

Целосно функционален Уставен суд составен од компетентни членови е клучот за Црна Гора да ги заштити основните права на своите граѓани и да напредува на европскиот пат, напиша таа на Твитер.

Амбасадата на САД во Подгорица повика на итно враќање на мирниот и конструктивен дискурс…

Ги повикуваме сите црногорски лидери и граѓани да ги продолжат разговорите и да најдат мирни решенија за политичките проблеми, објави Амбасадата на својот профил на Твитер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Неисплатени средства ги паркираше автобусите на приватните превозници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе