Вести Македонија Топ вести

Да се зајакне соработката со МВР, таму недостига знаење за сајбер безбедноста, вели ИТ експертот Ѓиновиќ

Со помош на технологијата може да се дојде до изворот и мора да постои соработка меѓу надлежните државни институции и приватниот сектор посветен на сајбер безбедност, сметаат експертите.

„Имавме многу сериозен проблем и тоа некој ќе кажат поради хибридната војна, исто така, сред овие судири меѓу Украина и Русија и слично, го поврзувавме и со тоа, затоа што поголемиот број на дојави за бомби беше на авиолетовите кон Москва и обратно. Меѓутоа, она што успеавме да го направиме е државата заедно со приватниот сектор низ тимовите за одговор на сајбер инциденти, со постоечките компании за сајбер безбедност успеавме да дојдеме до тоа да го надгледуваме сообраќајот и да дојдеме до ИП адресите на корисниците кои тоа го пријавуваа“, вели Слободан Ѓиновиќ, ИТ експерт, консултант и визитинг професор на Harvard University)

Што се однесува до Македонија тука нема многу мудрување, вели Ѓиновиќ и треба да се консултираат стручните луѓе во ИТ секторот и да зајакне нивнaта соработка со Министерството за внатрешни, затоа што таму недостига знаење на таа тема.

„Ние до скоро имавме само три тимови за одговор на компјутерски инциденти и само една фирма која се занимаваше со дигитална сигурност, сега имаме три или четири последнава година. И тоа е делот во кој државата треба многу да соработува со приватниот сектор и на образување нови кадри“, додава Ѓиновиќ. 

Македонија влезе во третиот месец на лажни дојави за поставени бомби, испратени по електронски пат. За сега само едно лице заработи кривична пријава.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе