Вести Свет Топ вести

Членките на ЕУ се согласија на Босна да и дадат кандидатски статус

Министрите за општи работи на Европската унија денеска се согласија дека Босна треба да стане формален кандидат за пристап во 27-члената ЕУ во препорака што ќе треба да ја поддржат лидерите на ЕУ в четврток.

Босна ќе им се придружи на другите кандидати за ЕУ – Албанија, Молдавија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина – во процесот за пристапување во ЕУ што може да потрае многу години и вклучува сложени преговори за прилагодување на локалните закони за да одговараат оние на ЕУ. Турција, на пример, е кандидат за ЕУ од 1999 година.

  • „Тоа беше дел од заклучоците за проширувањето кои беа договорени утринава“, рече еден дипломат на ЕУ, додавајќи: „И со јасен услов дека реформите утврдени од Комисијата и 14-те клучни реформи договорени во 2019 година треба да се исполнат пред да започнат преговорите. Тоа е политички сигнал во светло на актуелната геополитичка ситуација“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе