Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
5 Лазарополе, 6 Крушево, Маврови Анови, 8 Претор, 9 Тетово, Охрид, 10 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Берово, Крива Паланка, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Струмица, Гевгелија, 14 Демир Капија, Штип.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
46 Пожаране, 40 Тетово, 26 Охрид, 15 Крушево, 13 Претор, 10 Прилеп, Брово, 7 Струмица, 6 Битола, 4 Крива Паланка, 2 Штип, Скопје – Петровец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/