Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Борбата за здрав оброк за секој студент продолжува – извојувана е само една победа во потрагата за достоинствен живот

Сите студенти сме на исто и не ги прифаќаме измените кои се предложени во новиот предлог закон. Генерално сите ги одбивме, бевме многу децидни околу тоа дека не се согласуваме и јасно кажавме дека вистинската суштина на законот е да се обезбеди здрав оброк за секој студент, изјави во вечерашната Топ Тема, Славчо Темелковски , претседател на Студентското Собрание на УКИМ, за вчерашните разговори кои се водеа со претставниците на владата.

„Со новите измени се предвидуваше бројката од околу 30 000 студенти да се намали на 2-3 илјади студенти. Ние успеавме да се избориме за тоа да и натаму тие 30 000 студенти бидат корисници на студентскиот оброк. Така ќе функционира се до 15-ти март а еден од условите кои ги поставивме беше дека во наредните работни групи ќе учествуваат сите универзитетски собранија и дека новиот закон за студентски оброк ќе биде донесен заедно од нив и МОН.“ – изјави Темелковски

Тој оцени дека ова е само една издвојувана победа во битката за студентските права.

Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени изјави дека добро е тоа што конечно студентите се гласни во борбата за своите права.

„Јас сум убеден дека една од причините зошто бргу ретерираа од страна на предлагачите е дека многу добро знаат што значи кога студентите се на улица и кога протестираат. Знаат многу добро дека секоја битка со студентите е изгубена од нивна страна.“ – изјави Ходаи.

Јован Јанев, кој е член на Студентското собрание на Универзитеот „Гоце Делчев“, изјави дека сите случувања во последните 72 часа околу студентскиот оброк, одлуката на владата и пратениците за него се многу сомнителни.

„Има една стара народна: копај црвци, ќе најдеш змии. Епа вака: Мислам дека студентите ако добро размислат,можат да заклучат дека голема е веројатноста да постои една политичка манипулација и политички поентирања од страна на одредени групации низ целиот овој процес. Доколку го разгледате предлогот за промена на закон, ќе видите дека овие предлози се многу правнични неиздржани, нелогични, непрактични. “ – изјави Јанев.

Во однос на формирањето на работните групи, Темелковски изјави дека утринава претставниците на универзитетските собранија веќе биле на разговори во министерството за образование и наука, каде што имало средба со банкарскиот сектор, каде се барало долгорочно и системско решение.

Тој оцени дека средствата кои треба да се издвојуваат дневно за субвенциониран, здрав оброк и според новиот закон треба да се минимум 140 денари дневно, каде студентите можат да добијат оброк во одредени ресторани, кои треба да ги дадат нивните производи по пониска цена. Тој додаде дека многу е важно и сумата средства кои се издвојуваат за студентите на дневна основа да се менува во зависност од движењето на инфлацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лишен од слобода маж од кичевско кој со секира ги нападнал родителите при што таткото починал

Дејан Дејан

Автобус во Шри Ланка излета од карпа – 21 лице загина

Дејан Дејан

Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе