Вести Македонија Топ вести

Со нож делел правда во кафеанска тепачка- Синдикатот ја обелодени 3 децении старата пресуда за директорот на скопски Водовод Митовски

Директорот на скопски Водовод Марјанчо Митовски бил осуден за нанесување лесни телесни повреди со ладно оружје- нож во 1993-та година, по што бил осуден на парична казна од 20 илјади денари, а откако не платил, издржал 20 дена затвор, тврдат од Синдикатот кои денеска на новинарите ја поделија пресудата.

Синдикатот бара смена на директорот назначен од градоначалничката Данела Арсовска по нејзиното раскинување со ВМРО-ДПМНЕ. Директорот е обвинет од синдикатот дека малтретирал вработени, отпуштал и ги преместувал на несоодветни позиции неистомислениците.

Крајниот рок за смена е денеска, а Митовски пак тврди дека против него се бунтуваат привилегирани вработени на Водовод кои земале големи плати за неработење,  меѓу кои и сопругата на синдикалниот лидер Дарко Димовски од ССМ.

Токму Димовски денеска ја објави пресудата за директорот кој бил осуден затоа што на 11-ти септември 1993-та се степал со извесен В.М. во бифе „Кај Мишо“ на улица Тодор Чангов. Директорот Митовски тогаш со нож го повредил соперникот во пределот на лево уво и го удирал со клоци, додека трет гостин во бифето го гаѓал и исекол со стаклена чаша.

Казната била парична, но потоа наводно Митовски не ја платил и бил во затвор на 20 дена. Директорот пак негира дека бил во затвор.

Бидејќи станува збор за стара пресуда за настан од пред 29 години, согласно правните документи, таа казна најверојатно е веќе избришана од судското досие на Митовски, но во полициската база на податоци, кривичниот настан не се брише никогаш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе