Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава којашто се случува кога Месечината при своето движење ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето и делумно или целосно го покрива сончевиот диск. Во минатото луѓето честопати се плашеле од овој феномен.
Но денеска откако научно е разјаснета оваа астрономска појава, луѓето се обидуваат да го видат и да посведочат на настанот. Иако делумно покриено, сепак сончевата светлост не допушта директно гледање во Сонцето туку мора да се гледа со специјална опрема
Така беше и во Дубаи (Обединети Арапски Емирати), каде делумното затемнување на Сонцето беше видливо за многу жители и туристи. Благодарение на специјалните очила, многу луѓе можеа да набљудуваат како Месечината покрива 35% од Сонцето. Настанот беше организиран во астрономскиот центар Ал Тураја.
Денешното затемнување на Сонцето, во Македонија беше видливо од 11:27 часот претпладне, додека максимумот го достигна во 12 часот и 34 минути, а феноменот заврши во 13:42 минути.