Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе услови благо намалување на дневната температура, која ќе се движи во интервал од 17 до 23°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Берово, 0 Битола, Струмица, 1 Тетово, Скопје-Петровец, Лазарополе, Маврови Анови, Демир Капија, 2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, 3 Претор, 4 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 5 Охрид, Виница, 6 Крушево, Дојран, 7 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/