Вести Култура Македонија Топ вести

Идејата на Џон Малкович заглави во македонската бирократија

Реализацијата на долгонајавуваниот проект „Скопје технолошки парк“ и преку него „Стоун Бриџ студиос“ кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мет Дилон и Д.В. Мофет веќе десет месеци го чекаат одговорот на македонската влада. Министерот  за транспорт и врски Бочварски вели дека ги разгледале доставените документи и ќе ја информираат Владата за утврдената состојба. Ќе има координација и со Општина Карпош за да се утврди јасна слика за состојбата на терен.

Има одредени микро локации што ги даваат во својот проект инвеститорите, но на таа микро локација е изработен и во сила е детален урбанистички план. Поради тоа мораме со Општина Карпош да ја разгледаме целата оваа постапка, да не има некое приватно земјиште. Корисничките права се исклучително важни во секој, па и во овој проект. Потоа на седница на Комисијата во Владата што ја води потпретседателот Битиќи ќе се разговара со сите аргументи.

За градоначалникот Јакимовски нема дилема дека иницијативата „Скопје технолошки парк“ заслужува поддршка, но, сепак, Бочварски е во право кога вели дека треба да се разгледа во целост документацијата.

Вие ако имате приватно земјиште тоа како ќе го решите мора да им се плати на луѓето. Дали тече постапка за денационализација, ако тече постапка за денационализација како ќе им го земате земјиштето кога е во тек постапка за денационализација. Ако е скроз слободно земјиште и ако треба да се менува урбанистички план повторно кај мене постои желба и можам да гарантирам за двата советника од ГРОМ, затоа што треба да одлучат господата советници и нивните политички партии вклучувајќи го и шпицниот градоначалник.

Планот за „Скопје технолошки парк“  е направен врз основа на постоечкиот ДУП и така е доставен до македонската влада уште на 27 јануари и не разбирам како уште чекаме одговор, вели Видаковиќ кој е основач на Скопје технолошки парк капитал партнерс.

Не гледам што е спорно. Можеби тоа што го слушнав во тој прв состанок со господинот Бочварски е дека на еден дел постои приватно земјиште и некаква денационализација. И дека тоа е единствениот дел кој е спорен и треба да се расчисти. Но јас тоа не го гледам како проблем затоа што тоа е помалку или повеќе формалност која може да се разреши во преговорите.

За важноста на овој проект со отворено писмо до Владата реагираа и 27 истакнати македонски, српски и балкански уметници дека со добивањето статус на стратешка инвестиција, „Стоунбриџ студиос “ ќе ја вброи Македонија на мапата на светската филмска индустрија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе