Вести Македонија

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во Шар Планина, трошоците ќе ги плати Владата

Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидро-електрични централи во Националниот парк Шар планина, одлучи владата на денешната седница.

Владата ја усвои информацијата за договорите за концесија на малите хидро-централи во строго заштитени зони, и на управување на Националниот парк Шар планина, за кои се водеше постапка за спогодбено  раскинување на договорите за концесија за користење вода за производство на струја. Опфатени се шест мали хидро-електрични централи во строго заштитено подрачје, кои нема да се реализираат. Со спогодбено раскинување на договорите за  концесија, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите, и трошоците на име на концесијата. Покрај ова, доставен е предлог за  спогодбено раскинување на договорот за концесија за уште една хидро-централа лоцирана на Шар планина,  во зоната на одржливо користење, при што на концесионерот ќе му се врати уплатениот концесиски надоместок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе