Вести Економија Топ вести Топ тема

Министерот Бектеши не знаел што изјавил советникот Виктор Андонов

Министерот Бектеши не знае што изјавил владиниот советник Виктор Андонов. Цел ден бил во Собрание и не ја следел пресконференцијата во владата.

Јас не сум ја следел прес конференцијата на г-динот Андонов. Прво и основно тој не е мој советник, тој е советник на владата. Јас како министер за економија имам мои советници, и одлуките кои ги носи Министерството за економија се носат во консултација со моите советници. Што кажал на прес конференција, не можам да кажам сега бидејќи не ја следев прес конференцијата, рече Бектеши.

Тврди дека тој како министер нема обврска да се координира со советници во владата.

Јас кога кажувам некои работи не треба со никого да се координирам, како министер за економија, затоа што јас ги кажувам такви какви што се работите. Отворено, транспарентно, и владата тоа го прави. Јас се консултирам само со претседателот на владата, г-динот Ковачевски. Зборуваме за консултирање пред да дадеш некаква изјава. Не знам што кажал г-динот Андонов. Цитирање и да го слушаш самиот што кажал не е исто, вели Бектеши во Топ Тема.

Министерот посочи дека во државата има прогласено кризна состојба поради недостатокот на електрична и топлинска енергија, и според тоа на сила стапуваат други механизми, различни од тоа како се работи во нормални услови.

 

Нема конкретен одговор од каде, и по која цена ќе се обезбеди гас – Сите надежи на Владата се свртени кон Србија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Второнаградените кочански средношколци на ЕУСАИР 14.05.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Кочани одново и одново ја преживува трагедијата 14.05.2025

Дејан Дејан

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе