Првиот есенски ден, кој започнува во 3:03 минути носи претежно стабилно време. Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, но и со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облалност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Попова Шапка, Лазарополе, 0 Берово, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 25.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/