Вести Магазин Македонија Наука и здравје

Консумирањето тутун и нездравиот начин на живот се главни фактори за смртност во земјава

Тутунот и нездравата исхрана се главни фактори на ризик за смртност во Северна Македонија. Нездравиот начин на живот е двигател на смртност, а високиот процент на пушачи, лица со висок шеќер во крвта и зголемената потрошувачка на шеќер, сол и масти се проценува дека сочинуваат речиси три четвртини од смртните случаи до 2019 година, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна Македонија.

Овој извештај е еден од 14-те национални извештаи за земјите членки во Европскиот регион на СЗО што не се членки на Европската Унија.

– Најновите податоци за смртност пријавени од Северна Македонија до СЗО се однесуваат на 2013. Според овие податоци, просечниот животен век изнесувал 75,5 години. Иако ова беше под просеците за Југоисточна Европа и Европскиот регион на СЗО, беше повисок од повеќе ажурирани бројки за очекуваниот животен век за некои членки на ЕУ, се вели во извештајот.

Кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања и карциноми се водечки причини за смртност кај возрасните. Во периодот од 2000 до 2017 година забележано е и зголемување на смртноста поради дијабетес, специфични видови на рак, особено на белите дробови, колоректален карцином, панкреас и рак на простатата како и Алцхајмерова болест.

Во извештајот се наведува дека државата е рангирана меѓу земјите со највисока преваленција на пушење тутун во светот и највисок просечен број на испушени цигари кај возрасните и младите луѓе.

Забележано е зголемување на стапката на прекумерна тежина и дебелина меѓу возрасните дури и кај седумгодишните деца.

Од СЗО велат дека децата од предучилишна возраст во урбаните средини имаат двојно поголеми шанси да развијат болести на респираторниот систем од оние во руралните средини.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе