Според последните информации менаџерските тимови на Тајсон Фјури и Ентони Џошуа конечно се договориле за соочување на двајцата британски боксери и мечот на деценијата ќе се одржи на почетокот од декември оваа година.
Битката за Британија, долгоочекуваниот дуел на двата големи шампиони ќе се одржи на трети декември, а за локацијата двата тима треба дополнително да се договорат.
Неофицијално постигната е согласност заработката од мечот да се подели 60-40 во полза на Фјури.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.