Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција, Ига Свјонтек триумфираше на последниот Гренд слем во сезоната и ја освои третата титула на големите турнири откако во 2020 и 2022 беше најдобра на Ролан Гарос.
Свјонтек до победата дојде во меч што траеше скоро два часа совладувајќи ја Тунижанката, Онс Жабер со 6:2 и 7:6.
Тенисерката од Полска и по овој триумф останува водечка на ВТА листата додека за Жабер ова беше втор последователен пораз во финалето на Гренд слем турнирите откако пред два месеци беше совладана во Вимблдон.