Спорт Тенис

Руд и Алкараз во финалето на УС Опен

Карлос Алкараз и Каспер Руд се пласираа во финалето на Отвореното тениско првенство на САД.
19 годишниот Шпанец за прв пат во својата кариера ќе игра во едно Гренд слем финале, а место во решавачкиот меч за титулата обезбеди откако во меч што траеше 4 часа и 22 минути во пет сета триумфираше над домашниот тенисер Франсис Тиафо.

Алкараз ќе влезе во историјата на турнирот како втор тинејџер кој по Пит Сампрас успеал да се пласира во финалето. Инаку за Алкараз ова беше трета последователна победа во пет сета на турнирот откако претходно ги елиминираше Марин Чилиќ и Јаник Синер.

Противник во финалето ќе му биде Каспер Руд, кој стана првиот Норвежанец што ќе се бори за трофејот на УС Опен. Тој во полуфиналето со 3:1 во сетови славеше над Карен Хачанов и по втор пат во кариерата ќе се обиде да стигне до пехар на големите турнири откако оваа година во Ролан Гарос беше совладан од Рафаел Надал.

Покрај фактот што двајцата тенисери ќе се борат за првиот Гренд слем триумф, победникот во финалето од понеделник ќе биде новиот светски рекет број 1.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе