Вести Македонија Најважни

Едногласно „ЗА“ , Русковска останува суспендирана одлучи Советот на јавни обвинители

Со 8 гласа ЗА членовите на советот на јавни обвинители едногласно го потврди решениeто за оддалечување од функцијата на обвинителката Вилма Русковска шефица на одделението за борба против корупција и организиран криминал. Советот имал тешка задача бидејќи овие претставки се ретки, рече претседателот на советот Анотнио Јолевски. Жалбата на Русковска е одбиена со аргументи по дискусијата дека таа треба да остане оддалечена од предметите и кривичната постапка коај се води против неа. Советот очекува скопското обвинителство во наредните 60 дена да ја затвори постапката за што поскоро да се укине суспензијата. Вилма Русковска не сака да ја коментира одлуката на советот.

Шефицата на одделението за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, не успеа да го убеди советот на јавни обвинители да ја укине нејзината суспензија.

Жалбата се отфрла, а се потврдува решението од државниот обвинител Љубомир Јовевски. Сите осуммина членови кренаа рака „ЗА“ таа да не се врати на работа, а аргументите по час и половина дискусија ги соопшти претседателот на советот Антонио Јолевски.

Бидејќи се дискутираа и истрагите, медиумите останаа зад затворени врати, а причините таа да остане оддалечена од функцијата е кривичната пријава која против неа ја поднесе директорот во оставка Арафат Муареми по претресот во рамки на истрагата која Русковска ја отпочна во управата за финансиска полиција.

Русковска не го известила јавниот обвинител Јовевски и сторила крупна непрофесионална грешка затоа како ја водела предистрагата за сомнеж за пропусти во финансиската полиција , по што директорот Муареми и поднесе кривична пријава по извршениот претрес, а шефот Јовевски ја суспендираше. Ова го констатирале и членовите на советот.

Русковска, според Јолевски повеќе се осврнала на причните за дисциплинската постапка во жалбата отколку на решението за оддалечување на функцијата.

Но, затоа јавно реагираше дека нејзината суспензија е суспензија на правото и правдата во државата.

Не откри детали дали имала владини притисоци. И Јолевски остана кус на одговорот дали оваа постапка може да се толкува како притисок врз обвинителите.

Русковска останува дома. Кусо за Телма одгвори дека нема да ја коментира одлуката на советот. Од минатата недела невработен е Арафат Муареми кој ја водеше управата за финансиска полиција против која Русковска отпочна истрага по пријава дека биле затајувани пријави од управата. Русковска ќе ја менува Лиле Стефанова, а од синоќа Муареми на позицијата директор го замени Горан Иванов како избор на владата.

Пaвле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе