По одигрувањето на турнирот во Синсинати објавени се најновите АТП и ВТА листи на кои нема измени на врвот.
Најдобриот македонски тенисер по триумфот на турнирот во Тунис бележи скок од 310 места и во моментов е на 779 позиција што е најдобар пласман во неговата кариера.
Данил Медведев и оваа недела ќе ја мине на првата позиција, но неговата предност е само 1125 бода во однос на Алексадер Зверев. Трет е Рафаел Надал, а на четвртата позиција се наоѓа Стефанос Циципас кој и покрај поразот во Синсинати изби на петтото место. Шести и натаму е Новак Ѓоковиќ додека пад од две места бележи Каспер Руд.
Осми е Феликс Оже Алиасим, а меѓу десетте најдобри се врати Камерон Нори кој сега е деветти, а на десетата позиција се наоѓа Хуберт Хуркач.
Кај дамите и натаму со убедлива предност прва е Ига Свјонтек пред Анет Контавеит, Марија Сакари, Паула Бадоса и Онс Жабер. Скок од едно место бележи Ирина Сабаленка која ги смени позициите со Симона Халеп, а најдобрата десеторка ја заокружуваат Џесија Пегула, Гарбиње Мугуруза и Дарија Касаткина.
ФОТО: Игор Паневски