Останато Спорт

Германија најуспешна нација на ЕП во атлетика

Во Минхен заврши 25-тото Европско првенство во атлетика. По седум натпреварувачки дена 1500 натпреварувачи од 48 земји се бореа за медали во 23 дисциплини во машка и женска конкуренција.

Најуспешни на јубилејниот континентален шампионат беа домашните атлетичари кои освоија по седум златни и сребрени медали, а два пати се искачија на третото место на победничкиот подиум.

Четири медали повеќе од Германците имаа атлетичарите од Велика Британија, но на крајот тие имаа еден златен трофеј помалку од домаќините, а во колекцијата обезбедија уште шест сребра и осум бронзи.

Трети во вкупниот редослед се Шпанците со 10 медали од кои четири златни, а четири пати најдобри беа и атлетичарите од Грција како и репрезентативците на Холандија. Одличен учинок имаа и Полјаците кои се закитија со 14 медали од кои три се најсјајни.

Во Минхен беа поставени десет нови рекорди на шампионатите, а ќе се паметат и подвизите на Сандра Перковиќ која по шести пат во низа го освои златниот медал во фрлање диск, како и двојниот триумф на Јакоб Ингебритсен кој славеше во трките на 1500 и 5000 метри и Фемке Бол која стана првата атлетичарка што триумфирала во двете трки на 400 метри со и без пречки.

Следното Европско првенство за две години ќе се одржи во Рим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе