Останато Спорт

Роглич атакува на историскиот четврти триумф на Вуелта

Денеска почна 77-то издание на велосипедската трка околу Шпанија, една од трите најголеми во овој спорт. Ниту Вуелта не е имуна на почетоци на  натпреварувањето надвор од земјата па така ова издание стартува во Холандија.

184 велосипедисти во следниве три недели ќе минат вкупно 3280 километри, а победникот ќе биде познат на 11 следниот месец кога натпреварувачите ќе пристигнат во Мадрид.

По разочарувачкиот настап на Тур Д’Франс, Словенецот, Примож Роглич ќе се обиде по четврти пат едно по друго да триумфира на Вуелта и да влезе во историјата како прв учесник кој успеал да направи ваква низа, а воедно и да се израмни по бројот на победите со рекордерот Роберто Ерас.

Доколку успее да слави Роглич на вчената листа ќе ги надмине легендите на овој спорт Алберто Контадор и Тони Ромингер. Годинешната Вуелта ќе биде последна во кариерата на уште еден легендарен шпански велосипедист, Алехандро Валверде кој има една победа на оваа трка.

Како главни конкуренти на Роглич за највисокото место на подиумот се Рихард Карапаз, Виченцо Нибали, Сајмон Јејтс и Мадс Педерсен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе