Вести Македонија Топ вести

За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонец

За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонски. Ист кандидат на ист оглас на Антикорупциска се пријавил за 5 работни места со три различни изјави за етничка припадност,  во зависност како се барало со огласот. Најдобро рангиран бил на позицијата советник за спрчување на корупција како кандидат со ромска националност.

На огласот за советник за информатика технологија победил Албанец кој се пишал како Турчин. Ова е злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките зедници во администрацијата реагираат од ДКСК.

Во антикорупциска одлучиле да не ги вработат овие кандидати но тие два пати се жалееле  агенцијата за адимнистрација која ги прифакала нивните аргументи. Вториот пат била поништена одлуката на антикорупциска и сега  ДКСК нема избор освен да им им ги отворат ввратите и да станат нивни колеги .

Или надлежните да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор  бараат членовите на дКСК.  Антикорупциска своите идни вработени веќе ги пријавила во обвинителството и очекува исход од овој предмет.

 Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред МВР

Дејан Дејан

Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица

Дејан Дејан

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе