Еден од најдобрите возачи во формула 1 на сите времиња, Себастијан Фетел најави дека по завршувањето на сезоната дефинитивно ќе се повлече од настапите во Светското првенство.
Четирикратниот светски првак по точно 15 години минати на патеките реши да стави крај на кариерата во која покрај двете титули има 53 Гран при победи, а 122 пати се искачил на подиумот.
Фетел четирите титули ги освои во периодот од 2010 до 2013 година, а последниот триумф на една трка го забележа пред четири години во Сингапур.
Германецот кариерата ја започна во 2008 како дел од Торо Росо, а потоа шест сезони беше дел од Ред Бул каде и ги освои шампионските трофеи.
Во 2015-тата се пресели во Ферари каде настапуваше до 2020, а потоа замина во тимот на Астон Мартин.
Интересен е и фактот дека секоја сезона Фетел им даваше име на своите болиди, а како што самиот изјави “Тоа е многу важно за да имате блиска врска со болидот. Тоа е исто како со бродовите, болидот мора да има женско име, убаво е за самиот спорт”.