Нигеријката, Тоби Амусан го освои златниот медал во дисциплината 100 метри со пречки, а нејзините два настапи во Јуџин ќе влезат во историјата на светските шампионати.
Дваесет и пет годишната Амусан прво во полуфиналето триумфираше со време од 12 секунди и 12 стотинки и за осум стоти дела го подобри светскиот рекорд на Американката, Кендра Херисон поставен пред шест години во Лондон.
Амусан беше извонредна и во финалето каде имаше за шест стотинки подобро постигнување од она во полуфиналето, но овој резултат нема да биде запишан во листата на рекорди бидејќи атлетичарката од Нигерија имаше недозволен ветар во грб.
Сребрениот медал и припадна на Британи Андерсон од Јамајка додека со бронзата се закити олимписката шампионка од Токио, Јасмин Камачо Квин од Куба.