По триумфот во Токио, Малаика Мијамбо триумфираше во скок во далечина во Јуџин. Германката, која воедно ја одбрани титулата освоена во Доха прескокна 7 метри и 12 сантиметри што е најдобро постигнување на светот во оваа сезона.
Сребрениот медал и припадна на Еса Бруме од Нигерија, а трета е Летисија Оро Мело од Бразил.
На 5000 метри славеше Норвежанецот, Јакоб Ингебритсен кој по среброто на 1500 метри се искачи на највисокото место на подиумот триумфирајќи пред Кениецот, Јакоб Кроп и Оскар Челимо од Уганда.
Во десетобој триумф на Французинот, Кевин Маер кој освои вкупно 8816 бода, сто повеќе од Пјер Лепаж од Канада, а трет е Закари Зјемек од САД.
Олимписката шампионка од Токио, Атинг Му го освои златото на 800 метри, а на целта пристигна со време од 1 минута 56 секунди и 30 стотинки што е најдобро постигнување на светот за оваа година. Британката, Кели Хоџкинсон беше втора, а бронзата ја освои Мери Мора од Кенија.
Во штафетните трки 4 пати по 400 метри доминација на атлетичарите од САД. Кај дамите Танија Дигс, Еби Стајнер, Бритон Вилсон и Сидни МекЛафрин славеа пред Јамајка и Велика Британија.
Додека кај мажите триумф на Елајџа Годвин, Мајкл Норман, Брус Дедмон и Чемпион Алисон пред колегите од Јамајка и Белгија.
ФОТО: Игор Паневски