Соединетите Американски Држави за прв пат во историјата беа домаќини на еден Светски шампионат во атлетика и на домашен терен тие успеаа да освојат рекордни 33 медали.
Од вкупно 33 трофеи дури 13 се златни, девет сребрени и 11 бронзени. Веднаш зад Американците се атлетичарите од Етиопија кои доминираа на долгите патеки и освоија вкупно 10 медали.
Натпреварувачите од Етиопија четири пати се искачија на највисокото место на подиумот, четири пати се закитија со сребрени медали, а освоија и две бронзи.
Десет медали им припаднаа и на атлетичарите од Јамајка кои доминираа во спринтот. Освоени се само две злата, дури седум сребра и една бронза.
Меѓу петте најтрофејни нации се уште Кенија која исто така освои 10 медали, но само две злата, а атлетичарите од Кина шест пати се искачија на пиедесталот и освоија две златни, една сребрена и три бронзени медали.
За одбележување е и успехот на Перу кој до Јуџин немаше ниту еден медал на шампионатите, а на ова првенство освои две злата и тоа благодарение на Кимберли Гарсија Леон која доминираше во трките одење на 20 и 35 километри.
ФОТО: Игор Паневски