Деветтиот претпоследен ден на Светското првенство во атлетика мина во знакот на сензационалниот триумф на канадската штафета 4 пати по 100 метри, а кај дамите првиот фаворит Јамајка мораше да се задоволи со среброто.
Лошото предавање на палката во претпоследната измена беше доволна спринтерите од САД да завршат на второто место, а грешката на фаворитите ја искористија Канаѓаните кои до првата позиција стигнаа со време од 37 секунди и 48 стотинки што е најдобро постигнување во светот за оваа сезона. Бронзениот медал го освои штафетата на Велика Британија додека Јамајка заврши како четврта.
И кај дамите главниот фаворит Јамајка остана без највисокото место на подиумот. Штафетата на САД триумфираше со резултат 41 и 14 што исто така е најдобро време во досегашниот тек од сезоната. Јамајка која доминираше во спринтот заостана само 4 стотинки, а бронзениот медал неочекувано го освои Германија