Белгијанецот Вут ван Ерт е победник на претпоследната етапа од велосипедската трка околу Франција.
Ван Ерт славеше на хронометарот што се возеше од Лакапел до Рокамадур во должина од 40 километри, а второто место му припадна на Данецот, Јонас Вингегерад додека трет е Тадеј Погачар од Словенија.
Со оглед на фактот дека во пресрет на утрешната последна предноста на Вингегард изнесува три минути 34 секунди, Данецот е пред прв триумф во Франција во досегашниот тек од кариерата.
Утре ќе се вози последната делница низ улиците на Париз во должина од 115 километри.