Вести Македонија Топ вести

Беровскиот регион повторно гори, сомнежи дека пожарот е подметнат

Армискиот хелиоптер доцна попладнево направил извиднички лет и не можел да интервенира врз опожарената шума меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека во раните утрински часови ќе се интервенира од воздух.

Огнените јазици синоќа зафатиле сува трева, но во текот на денот поради ветерот е проширен и на високостеблеста шума. Според проценките на пожарникарите станува збор за површина од над 50 хектари, непристапен планиски предел. Огнените јазици засега не претставуваат опасност за населените места, но има бачила и стока која треба да се заштити во тој предел. Овде да ја слушнеме изјавата од градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, кој попладнево го повика и месното население да се вклучи во гаснење на пожарот.

Има сомнежи дека и овој пожар е подметнат. Инспектор за пожари е на терен и веќе зема изјави од месното население. Пожарот од доцна попладнево е надвор од контрола и денешната слика и стравот кај мештаните  во малешевско-пијанечкиот регион се буквално исти како големите пожари минатата година, кои почнаа на 2 август на Илинден.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе