Вести Македонија

ФОТО: Огромна дупка на мост во Драчево

Во текот на вчерашниот ден, до Центарот за управување со кризи стигнала пријава од загрижен граѓанин дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево постои голема дупка, што претставува опасност за безбедноста на возачите коишто се движат на овој потег.

Од Центарот за управување со кризи веднаш ги известиле локалните власти и претпријатија, а пријавено е и во МВР. Од страна на ЈП „Улици и патишта“ доцна синоќа дупката е обележена.

Стручните лица процениле дека оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и безбедноста на граѓаните. Побарано е итно санирање на мостот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе