Филмови

ЗАД РИДОВИТЕ – сабота, 04 јуни 2022 – 22:15

Основната тема на филмот е егзорцизмот, при што филмот е снимен според вистински настан кој се случил во еден манастир во Молдавија, во 2005 година, опишан во книгата на Татјана Никулеску Бран. Дејството не филмот се случува во романски православен женски манастир, а дејството го носат два женски лика – Војкица и Алина – две другарки, кои израснале во дом за сираци каде што имале и лезбејска врска. Нивното пријателство било прекинато кога Алина заминала во Германија во потрага по подобар живот, додека Војкица станала калуѓерка во еден женски манастир. Подоцна, Алина се враќа во Романија со намера да ја наговори Војкица да го напушти манастирот и да започнат заеднички живот. Од друга страна, Војкица настојува да ја убеди Алина да остане во манастирот и да стане калуѓерка. Игуменот на манастирот се спротивставува на идејата за замонашување на Алина, но дозволува таа привремено да остане во манастирот. За време на престојот во манастирот, Алина покажува знаци на нервоза и меланхолија, кои набргу преминуваат во хистерични напади. Алина ја носат во градската болница, но таму не успеваат да ја излечат по што таа повторно се враќа во манастирот. Тогаш, игуменот и сестринството одлучуваат да ја спасат Алина од психичкото растројство со помош на егзорцистички ритуал, кој завршува трагично. Поради смртта на Алина, во манастирот доаѓа полиција, која ги приведува игуменот, заедно со неколку калуѓерки.

Филмот „Зад ридовите“ е снимен во 2012 година, во режија на познатиот романски режисер Кристијан Мунгиу, кој во 2007 година се прославил со филмот „Четири месеци, три недели и два дена“ за која ја добил наградата „Златна палма“ на филмскиот фестивал во Кан. „Зад ридовите“, исто така, постигнал голем меѓународен успех, освојувајќи две награди „Златна палма“ на филмскиот фестивал во Кан во 2012 година, и тоа: за најдобро сценарио и за најдобра женска улога.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕМНА БАЈКА – понеделник, 12 мај 2025 – 00:40

Дејан Дејан

ПАПИЛОН (1973) – недела, 11 мај 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕКОЛ НА ХОРИЗОНТОТ – недела, 11 мај 2025- 00:05

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе