Вести Македонија

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за мајмунските сипаници

Една држава веќе воведе карантин за заразените со мајмунски сипаници, а епидемиолозите смируваат.

Но, подучени од тоа што го донесе Ковид-пандемијата, светот се подготвува за лошо сценарио.

Најлошото што може да се случи е мајмунските сипаници да донесат нова епидемија или пандемија.

Досегашните податоци од истражувањата се дека до такво нешто тешко може да дојде, особено што начинот на ширење подразбира многу близок контакт, а ризикот од смрт е многу мал.

„Она што може да нѝ даде причина за малку позагрижено да гледаме на состојбата, е затоа што има поголема фреквенција на ширењето на мајмунските сипаници од вообичаено. Не би сакале нешто коешто се случува од областа на заразните болести да биде нова пандемија или епидемија и затоа внимателно ја следиме состојбата во светот и препораките на СЗО, како и сите мерки коишто се препорачуваат во моментот, а тие не подразбираат ограничување на движењето на луѓе или стока“ изјави д-р. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Оваа болест е карактеристична за поизолирани делови на централна и западна Африка и се добива од диви животни.

Светските патници се под најголем ризик. Алармот веќе е вклучен во Светската здравствена организација, но тие велат дека нема податоци кои сугерираат на идни мутации на вирусот.

Сегашната појава на мајмунски сипаници во одредени делови, најверојатно е со сексуална трансмисија и на големи забави во Европа.

Во среда е закажан состанок на Комисијата за заразни болести, за да се разговара за можни мерки коишто може да се преземат за да се спречи пренесување на вирусот во земјава, односно, најмногу што може да се одложи регистрирањето на првиот случај во Македонија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе