Вести Македонија Наука и здравје

Нов министер со план за нов Клинички – две децении без ниедна лопата фрлена на долгоочекуваниот објект

Речиси две децении, бројни министри во фотелјата, но ниту една лопата фрлена на нов Клинички центар.

Иако сите досегашни предводници на здравствениот систем се согласни дека нова и модерна Универзитетска клиника ќе ги реши проблемите како бавна дијагностика, ненавремен третман, но и хаосот и метежот кој се случува во постоечкиот Центар – ниту еден не успеа да го оствари ветувањето за нов објект.

Актуелниот министер Беким Сали е уште еден во низата, кој во својот мандат најавува нов Клинички. Откри дека во игра се три локации, а една од нив останува тајна.

 

 

 

„Која од локациите ќе биде одредена, освен од политичкиот момент којшто сметам дека не е главен, зависи и од катастарските услови – дали може да се гради и за колку време би се градело. Ѓорче Петров е една од опциите, Касарна „Илинден“ и уште една трета локација на којашто веќе има постоечка болница, но со надградување и проширување на дејноста“ изјави Беким Сали, министер за здравство.

Неусогласеноста на политичките чинители, според сегашната водечка гарнитура на ресорот Здравство, е главната причина зошто нов Клинчки центар досега остана само како едно ветување.

Работни групи се формирани, а политичарите од различни табори ќе треба да се договорат која ќе биде локацијата каде што ќе се гради и сите други детали.

Засега, политичките партии главно се усогласени дека е потребно да се реализира таков проект.

„Сè уште не сме дојдени до фаза на одредување на локација, на износ, на содржината на таа Клиника, на величината. Димензиите не ги знаеме сè уште, а и локацијата не е утврдена 100%“ изјави Сали.

Без да открива многу детали, министерот најави и повлекување на Законот за нов Клинички центар. Таков закон не е потребен ако политичките партии се усогласени во ставовите.

Тие немаат поставено рок до кога треба да се договорат за локацијата и парите коишто ќе се потрошат за реализација на проектот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе