Вести Свет

Зеленски: Ова е историски момент

„Украина може да влезе во Европската унија со максимална брзина“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно обраќање до нацијата.

Зборувајќи по состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Зеленски рече дека разговарале за чекорот на Украина кон Европската унија.

„Ова е историски момент кога можеме да развиеме максимална брзина во пристапувањето во Европската унија.

Веќе докажавме дека украинските државни и јавни институции се доволно ефикасни за да го издржат дури и тестот на војната. Ние веќе правиме онолку колку што другите народи никогаш не направиле за да ја заштитиме слободата на европскиот континент.

И гледам од сите наши пријатели во Европската унија подготвеност да ја помогнат нашата цел што е можно повеќе“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе