Вести Свет

ВИДЕО: Огромен пожар во Аризона проголта десетици куќи, илјадници луѓе во бегство

Десетици згради изгореа во пожар во Аризона, кој денеска речиси тројно се зголеми, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во руралните области.

Пожарот зафатил ретко населена ридска област северно од Флагстаф, град во северна Аризона, соопшти американската Шумска служба. Изгорени се повеќе од 16.000 хектари, што ја прави областа поголема од Менхетен.

Носен од силните сезонски ветрови, пожарот принуди повеќе од 2.000 жители во руралните области да ги напуштат своите домови, а најмалку 25 згради изгореа. Областа на Аризона, Ново Мексико, Јута и Колорадо се соочува со немилосрдна суша веќе две децении.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе