Рамзан Кадиров, лидерот на руската република Чеченија, изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Пред пладне или после пладне, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација“, рече тој во аудио пораката објавена доцна синоќа.
Чеченските сили се борат во Украина на страната на Русија. Ако падне, Мариупол ќе биде најголемиот град што Русија го окупира од почетокот на инвазијата пред осум недели.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.