Вести Свет

Блинкен ги повика Израел и Палестина да ја „запрат спиралата на насилство“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во телефонски разговор ги повика израелските и палестинските лидери да ја „запрат спиралата на насилство“ по ескалацијата во последните недели.

Во одделен телефонски разговор со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас и израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, тој истакна дека „важно е Палестинците и Израелците да се обидат да ја запрат спиралата на насилство“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Тој, исто така, ги повика двете страни „да се воздржат од каква било акција или изјава што може да поттикне тензија“, вклучително и на Платото џамии во источен Ерусалим, третото свето место на исламот и најсветото место за Евреите што го нарекуваат планината на храмот.

Зборувајќи со јорданскиот колега Ајмане ал-Сафаи во понеделникот, државниот секретар ја истакна „важноста од зачувување на историската статус кво“ на локацијата управувана од Јордан, која е контролирана од еврејската држава.

Во повикот до израелскиот министер за надворешни работи, Блинкен „ја повтори цврстата поддршка на САД за израелската безбедност и ги осуди неодамнешните ракетни напади во Газа“.

Во разговорот со палестинскиот претседател тој посочи дека „САД се посебно посветени на подобрување на животниот стандард на палестинскиот народ“.

Со двајцата лидери тој повика на „мирно решение со две држави“ кои ќе живеат една до друга, и покрај застојот во мировниот процес. Израелските воздухопловни сили во вторникот изведоа воздушни напади врз Појасот Газа, првпат по три месеци, како одговор на ракетниот истрел од палестинска енклава.

Нападите доаѓаат во време на континуирани тензии меѓу Израелците и Палестинците кои се влошија по четирите напади во Израел меѓу 22 март и 7 април, во кои беа убиени 14 лица.

По овие напади, израелската армија изврши неколку операции на Западниот Брег, во кои имаше мртви, особено во деловите од кои извршиле нападот врз Израел.

Западниот Брег е палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година. Повеќе од 150 Палестинци беа ранети во судирите со израелските сили во петокот и неделата во џамијата Плато, за време на еврејскиот празник Пасха и муслиманскиот месец Рамазан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе