Вести Најважни Свет

Зеленски: Започна битката за Донбас

Битката за Донбас започна, објави доцна синоќа украинскиот лидер, Володимир Зеленски , во видео пораката до граѓаните на својата држава.

Немаме намера да се предаваме им порача на своите сограѓани Зеленски, иако факт е дека Украинците се соочуваат со далеку поброен непријател кој откако ги повлече силите во близина на Киев, најави  дека ќе се фокусира на освојување и контрола на Донбас, индустрискиот центар на Украина, во чиј состав се и самопрогласените републики на сепаратистите.

„Сега веќе може да кажеме дека руските трупи започнаа со битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време. Значаен дел од целата Руска армија сега е концентриран на оваа офанзива. Без разлика колку многу Руски трупи бидат донесени, ние ќе се бориме. Ќе се браниме и ќе го правиме тоа секој ден. Нема да предадеме ништо Украинско и не ни треба ништо туѓо“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Според информациите од Донбас, руските сили ги напаѓаат Украинските позиции по целата должина на линијата на фронтот, каде зоната на воени судири се протега цели 480 км.

Според американското разузнавање, русите значајно ги засилиле своите сили во источна Украина, минатите денови, по повлекувањето од поширокиот регион околу Киев.

„Гледаме дека Русите продолжуваат да распоредуваат сили, способности кои ќе им помогнат да се борат во Донбас и натаму. Тоа се артилеријата, потоа авијациската хеликоптерска поддршка, центрите за команда и контрола. Веруваме и дека го засилија бројот на батаљони и тактички групи на истокот и југот од Украина. Не можеме конкретно да кажеме каде овие батаљони се, каде овие тактички групи одат, но видовме во текот на минатите неколку денови дека тие додадоа веќе повеќе од 10 нови на тоа што веќе го имаа распоредено во тој дел од државата“, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Како дел од подготовката за офанзивата, Русите потврдија дека во текот на минатата ноќ бомбардирале повеќе од 1260 воени цели ширум Украина.

Руските сепаратисти соопштија и дека започнале со нападите против големиот индустриски центар за челик Азовстал во Мариупол, каде се кријат последните Украински бранители во градот кој го претрпе најголемото уништување во руската инвазија на Украина. Според проруските сепаратисти, не се точни информациите на Украинските извори дека Азовстал се кријат голем број цивили. Мариупол, градот – пристаниште на Азовското море, пред војната беше дом на повеќе од 400 –тини илјади жители а со неговата контрола, Русија ќе добие коридор по земја низ кој ќе може од полуостровот Крим, по земја да ги засилува трупите во Источна Украина и уште повеќе, да ги обиколи Украинските сили кои го бранат Донбас.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе