Вести Економија Свет

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина.

Претседателот на Советот на министри Дејвид Малпас објави дека банката ја намалила прогнозата за раст за 2022 година од 4,1 отсто на 3,2 отсто, при што забавувањето на растот е главно во Европа и Централна Азија.

Претходно овој месец, институцијата соопшти дека економијата на Украина ќе се намали за речиси половина оваа година како резултат на војната.

Малпас предвидува дека руската инвазија ќе предизвика поголема економска штета во Источна Европа и делови од Азија отколку пандемијата на коронавирус.

Конфликтот во Украина затвори половина од бизнисите на земјата и го намали извозот. Банката досега испрати речиси една милијарда долари помош за Украина и вети уште две милијарди долари во наредните месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе