Најмалку 443 луѓе загинаа во невремето во Јужна Африка, а десетици луѓе се водат како исчезнати, изјави Кирил Рамафоса, претседател на земјата, прогласувајќи национална катастрофа. Тој рече дека околу 48 лица се уште се водат како исчезнати.
Околу 200 до 400 милиметри дожд паднаа во провинцијата КваЗулу-Натала во 24 часа од 11 април, рече тој.
Хуманитарна катастрофа
Дождот предизвика големи штети на патиштата, мостовите и куќите и го наруши снабдувањето со храна и гориво. Се проценува дека околу 40.000 луѓе се раселени поради поплавите, рече Рамафоса.
Heavy rains in South Africa’s KwaZulu-Natal province have triggered floods and mudslides that killed hundreds of people and left thousands homeless.https://t.co/RrS6Amwf8F pic.twitter.com/oCSXoPg1oJ
— Sky News (@SkyNews) April 18, 2022
Штета од милијарди долари
Едно од најголемите карго пристаништа во Африка, Дурбан, беше затворено, а во некои области немаше струја или вода.
„Треба да се направи сеопфатна проценка на економските трошоци од овие поплави, но јасно е дека ќе достигне милијарди ранди за реконструкција на инфраструктурата и губење на производството“, рече Рамафоса.
„Ќе бидат потребни огромни напори, ресурси и способност на целата нација да се опорави од оваа катастрофа“, рече тој.