Вести Економија Свет

Француски министер: ЕУ подготвува ембарго за руската нафта

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека се подготвува ембарго на руската нафта на ниво на ЕУ, додавајќи дека и францускиот претседател Емануел Макрон го сака овој потег.

„Се надевам дека во наредните недели ќе ги убедиме нашите европски партнери да престанат да увезуваат руска нафта“, изјави Ле Мер за Радио Европа 1.

Зеленски: Руската нафта се плаќа со крв

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат пари од крвта на другите луѓе.

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго, а Русија може да заработи до 250 милијарди фунти од продажбата на енергија оваа година – повеќе од една третина во споредба со минатата година.

Расте незадоволството кај украинското раководство од Германија, која поддржа некои санкции против Русија, но не поддржа построги мерки во однос на продажбата на нафта.

„Некои од нашите пријатели и партнери разбираат дека сега е поинакво време, дека веќе не е прашање на работа и пари. Тоа е прашање на опстанок“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе