Вести Свет

Донбаскиот регион во Украина цел ден под руски бомби

Кремина, град со околу 18 илјади жители, по се изгледа е првиот град кој падна во рацете на руската војска во најновата офанзива на истокот од Украина. Локалните власти јавуваат дека не можат да ги избројат загинатите, станува збор за над 200-те луѓе, а можно е да има и повеќе.

Донбаскиот регион на истокот од Украина е под силно гранатирање од руските воени сили. Нападнати се украинските позиции долж линијата на фронтот која се протега во должина од 480 километри. Русија тврди дека погодила повеќе од илјада цели во Донбас.

Но, најкрвавата битка се води за пристанишниот град Мариупол, каде про-руските сепаратисти ја напднаа фабриката за челик Азовстал каде се кријат последните украински војници. За оваа битка Москав е сигурна дека ќе ја добие и побара од Киев да донесе разумни одлуки.

Ги повикуваме властите во Киев уште еднаш да бидат разумни, да им дадат релевантни наредби на борците да го прекинат бесмислениот отпор и да излезат од жариштето на отпорот. Но, со оглед на тоа дека командантите на украинските единици можеби нема да добијат такви упатства од властите во Киев, ги повикуваме да ја донесат оваа одлука и сами да го положат оружјето, порача МИКАИЛ МИЗИНЦЕВ, ГЕНЕРАЛ ПОЛКОВНИК НА РУСКА НАЦИОНАЛНА ОДБРАНА

Фокусот на руските сили е на Донбаскиот регион, но малку е веројатно дека ќе се обидат да освојуваат цели градови како на почетокот, сметаат аналитичарите. Најмногу поради тоа што нивните трупи сега се преполовени откако се соочија со сериозен отпор од украинските сили.

Мислам дека тие само ќе продолжат да земаат делови од градовите во Донбас, а тоа е блиску до она што го направија во Мариупол. Но, во многу поголем обем, очигледно многу поголема област, но ефективно го отсекуваат секој дел од украинската одбрана како во Мариупол, користат артилерија, користат воздушна сила и одат понатаму, вели  ЏАСТИН КРАМП, аналитичар на британско разузнавање

Новата фаза од војната само што започна, а критиките од страна на Киев кон НАТО и ЕУ можно е да го зголеми притисокот со цел да испратат повеќе оружје. Но, потребна е и хуманитарната помош. 12 милиони луѓето немаат храна, вода, резерви за лекување на болни и ранети. ОН проценува дека со новата офанзива оваа бројка ќе се зголеми на над 15 милиони. Во пресрет на православниот Велигден кој го слават и Украинците и Русите, повикаа на 4-дневен хуманитарен прекин на огнот.

А додека војната во Украина го достигнува врвот, руската национална телевизија ја емитуваше пробата за традиционалната парада со која го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората Светска Војна.

За оваа година на парадата на 9-ти мај е предвидено да учествуваат повеќе од 11.000 трупи.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе