Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќно видео обраќање рече дека Русија сака да го уништи целиот Донбас, регион во источна Украина кој во последните денови постојано беше напаѓан од руските сили.
„Како што руската армија го уништува Мариупол, така тие сакаат да ги збришат и другите градови во Доњецк и Луганск“, рече Зеленски.
„Тие сакаат да го завршат и уништат Донбас, сакаат да уништат се што некогаш го направи овој индустриски регион голем и значаен“, додаде украинскиот претседател.
„Секој ден на доцнење со испораката на оружје за Украина е дозвола за Русија да ги одземе животите на Украинците“, рече Зеленски.
„Додека Русија се подготвува да започне нова офанзива на исток, оние кои се двоумат дали да испратат оружје во Украина треба да знаат дека исходот од оваа битка зависи и од нив“, рече украинскиот претседател.