Вести Македонија Најважни

„Ванчо Михајлов“ во Битола да биде осудено и од Европската Унија-остра реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и
навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист
и близок соработник со нацистите, се вели во соопштението до медиумите.

Еврејската заедница оценува дека овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, како и кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа.

Наследниците на преживеаните од холокаустот велат дека нема да ги премолчуваат ваквите
појави и испратија неколку свои барања:

– Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската
заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и
искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба
на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон;

– Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански
здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на
нацистите;

– Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од
нивните претходници за време на Втората светска војна;

– Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р.
Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе